Денес, 09.01.2023 година, околу 07.00 часот кај Кадина река , еден од трите вагони на утринскиот патнички воз број 630 на релација Гевгелија – Скопје, излизга,со една осовина (тркало) , надвор од шината .
Во возот имаше 150 патници, нема повредени. Во правец на Кадина Река, од Скопје веднаш беше упатен друг патнички воз кој ги презема патниците од гевгелискиот воз и ги превезе до Скопје. Истите пристигнаа во Скопје во 08.35 часот.
Поради инцидентот не сообраќаа утринскиот патнички воз од Скопје за Битола и претпладневниот од Скопје за Велес, а сообраќајот се нормализираше околу 11.30 часот.