Јавен оглас

Делегацијата од ЖРСМ-Транспорт Скопје се сретна со високи претставници на најголемата компанија во Хрватска и регионот „KONÇAR“.

За време на престојот во Загреб, Хрватска, заедно со главниот советник на генералниот директор г. Еркан Зеќирин, директор на Train Traction, г. Сашко Ангеловски

Хиронори Савада, амбасадор на Кралството Јапонија во Република Северна Македонија, во работна посета на ЖРСМ-Транспорт Скопје

Ваша Екселенција Хиронори Савада, Амбасадор на Краството на Јапонија во РС Македонија на деловна посета во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје На ден 29.09.2022 година, Ваша

Генералниот директор г-дин Мајан Вејсели го потпиша договорот „DORNER BALKAN ENTERPRISES Ltd.“

Соработката секојдневно се зголемува. Овој пат постигнавме договор со компанијата од Бугарија „DONER BALKAN ENTERPRISES Ltd“ за транспортна услуга, во оваа прилика го потпишавме

Генералниот директор г.Мајан Вејсели потпиша нов договор со познатата компанија RCH од Унгарија

Генералниот директор г.Мајан Вејсели заедно со својот тим, го пречека на средба добро познатата компанија од Унгарија (Унгарски железници-транспорт) со претставници г. Норберт Корос

Генералниот директор г. Мајан Вејсели потпиша договор со пристаништето во Солун

Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, По многу работни средби предводени од генералниот директор г. Мајан Вејсели постигнат е договор со пристаништето во Солун. Минатата седмица,

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.

Оптима Турс на деловна посета во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Денес, 20.08.2024 година, Г-ѓа Рената Шверко, сопственичка на железничката транспортна компанија Оптима Турс со седиште во Минхен, Германија, во Скопје оствари деловна средба со  г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Оптима турс е железничка транспортна команија и членка на ФТЕ и УИЦ, која успешно веќе 35 години функционира на пазарот за превоз на патници со воз низ делови од Европа и Балканот. Отаму, целта на овој деловен состанок беше актуализирање и повторно враќање во сообраќај на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун, но овој пат, како дел од железничката маршрута Будимпешта – Белград – Скопје – Солун – Атина.

Се разгледуваа сите можни аспекти за враќање на патниците во воз, како најбезбедно и најеколошко превозно средство, кој за разлика од авионскиот и автобускиот превоз, на патниците им нуди повеќе од класично патување. Се воспоставија каткорочни и долгорочни планови, како и статегија на делување и се дојде до една заедничка цел: превозот на патници на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун да биде веќе во функција за ЕКСПО 2027 година кој ќе се одржи во Белград, со што Белград ќе стане светски центар за иновации, култура и образование и ќе привлече бројни постетители од целиот свет, на кои, секако, од голема потреба ќе им биде и користењето на услугите на патничкиот железнички сообраќај.

Како што изјави г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: „Теоретски е визија, но практично е реален план. Ако имаш предлог за проект и ако не го визуализираш како тој проект ќе изгледа, ти нема да можеш да го оствариш. Кај нас, во Железници Транспорт, визуализацијата на овој проект е многу јасна.“

На деловната средба присуствуваа и Александар Шверко, Менаџер од Оптима Турс, Горанчо Јовановски, Директор на патнички сообраќај, Сарита Ридова, Директорка на подружница за патнички сообраќај и Димитар Стефанов, Директор на товарен сообраќај.


Translate »