+389(0)2/3164-255; +389(0)78/386-471 mztransportad@mztransportad.com.mk
  • Форум
  • Следење вагони
  • Регистрација
Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје
  • Почетна
  • Возен Ред
    • Поаѓање од Скопје
    • Пристигање во Скопје
  • Патнички сообраќај
    • Внатрешен Сообраќај
      • Прирачник за Патници
      • Цени по релации
      • Ценовник за наплата на штети
      • Превозни цени, додатоци и надоместоци
      • Додатоци за користење на вагон со легла (кушет)
    • Меѓународен Сообраќај
      • Комерцијална
      • Продажба на Билети
  • Товарен Превоз
    • Транспортни Услуги
    • Тарифи
    • Вагони
  • Влеча на Возови
    • Превозни и влечни капацитети
    • Капацитети за намирување
    • Ремонт и други услуги
  • Новости
  • Информации од јавен карактер
    • Акти, материјали и информации
    • Визија и Мисија
    • Менаџмент
    • Нашата Историја
    • Нашите Вработени
  • Контакт
    • Сите Железнички Станици
    • Менаџмент контакт
  • Home
  • /
  • Јавен оглас
  • /
  • Кампања „НЕ за селфи на воз-вреди да живееш“

Кампања „НЕ за селфи на воз-вреди да живееш“

мај 10, 2017

Кампањата почна денеска во државното средно училиште „Владо Тасевски“ каде на учениците им беа поделени и претставени флаери и видео презентации со пораки  „спречи го твојот другар да се докажува“ и 25 KV = na 25.000 V  или 5.000 пати повеќе за да го наполните вашиот мобилен телефон“.  Подготвени се тимови кои ќе ги посетат сите основни и средни училишта  во Скопје и ќе укажуваат на опасностите од електричната инсталација кај возовите.

– Ќе делуваме едукативно кон младите луѓе да го користат возот како  превозно средство, а не за качување на крововите и правење фотографии. Имаме многу  поубави места за фотографии во возот и во Македонија каде можеме да отидеме со воз, да излеземе надвор и да направиме фотографии, рече Игор Коруноски, директор на МЖ Транспорт.

– Ги правиме сите напори да ги информираме луѓето да не се движат во тој простор, кој за таа цел е ограден и се поставени табли дека е забрането движење. Исто така на вагоните се поставени табли на кои е означено место со висок напон, а и столбовите на кои  е  електричната инсталација има посебно посебни ознаки, наведе Коруноски.

ДСУ „Владо Тасевски“, според директорката Биљана Глигорова, задно со други институции  води голема грижа да ја  развие свеста кај сите граѓани за опасностите кои може да настанат од активности и невнимание од близината при патувањето или во самите возови.

Учениците од „Владо Тасевски“ со оглед на струките кои се изучуваат меѓу кои и железничката се запознаени со потребата од безбедноста и заштитата при работа и преку практична настава и ги знаат правилата  за однесување околу возилата. Заедно со професорите можат да ги пренесат знаењата ако некој сака да се запознае со работата на шинските возила и опасностите и последиците кои можат да настанат, посочи Глигорова

Како што најави Коруноски, ако има потреба кампањата „НЕ за селфи на воз – Вреди да живееш” ќе се спроведе и во останатите градови.

Share:
prev post next post

Побарувај

Последни новости

  • Thumb

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ВОЗОВИТЕ 2081/2082

    октомври 7, 2026
  • Thumb

    ГРАДСКИ ВОЗ СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО-СКОПЈЕ

    октомври 7, 2026
  • KONKURS PUBLIK

    јуни 2, 2026
  • Оглас за вработување

    јуни 2, 2026

Kërko

Lajmet e fundit

  • Thumb

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ВОЗОВИТЕ 2081/2082

    октомври 7, 2026
  • Thumb

    ГРАДСКИ ВОЗ СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО-СКОПЈЕ

    октомври 7, 2026
  • KONKURS PUBLIK

    јуни 2, 2026
  • Оглас за вработување

    јуни 2, 2026

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • За Нас
  • Правна Регулатива
  • Транспортни Услуги
  • Прирачник за Патници

ИНФО ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

  • Информации од јавен карактер
  • Правна Регулатива
  • Јавни Набавки
  • Пристап до информации од јавен карактер

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.

Оптима Турс на деловна посета во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Денес, 20.08.2024 година, Г-ѓа Рената Шверко, сопственичка на железничката транспортна компанија Оптима Турс со седиште во Минхен, Германија, во Скопје оствари деловна средба со  г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Оптима турс е железничка транспортна команија и членка на ФТЕ и УИЦ, која успешно веќе 35 години функционира на пазарот за превоз на патници со воз низ делови од Европа и Балканот. Отаму, целта на овој деловен состанок беше актуализирање и повторно враќање во сообраќај на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун, но овој пат, како дел од железничката маршрута Будимпешта – Белград – Скопје – Солун – Атина.

Се разгледуваа сите можни аспекти за враќање на патниците во воз, како најбезбедно и најеколошко превозно средство, кој за разлика од авионскиот и автобускиот превоз, на патниците им нуди повеќе од класично патување. Се воспоставија каткорочни и долгорочни планови, како и статегија на делување и се дојде до една заедничка цел: превозот на патници на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун да биде веќе во функција за ЕКСПО 2027 година кој ќе се одржи во Белград, со што Белград ќе стане светски центар за иновации, култура и образование и ќе привлече бројни постетители од целиот свет, на кои, секако, од голема потреба ќе им биде и користењето на услугите на патничкиот железнички сообраќај.

Како што изјави г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: „Теоретски е визија, но практично е реален план. Ако имаш предлог за проект и ако не го визуализираш како тој проект ќе изгледа, ти нема да можеш да го оствариш. Кај нас, во Железници Транспорт, визуализацијата на овој проект е многу јасна.“

На деловната средба присуствуваа и Александар Шверко, Менаџер од Оптима Турс, Горанчо Јовановски, Директор на патнички сообраќај, Сарита Ридова, Директорка на подружница за патнички сообраќај и Димитар Стефанов, Директор на товарен сообраќај.


Translate »
  • <
  • <
  • <