Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Орхан Муртезани на посета на Меѓународниот саем за железници TRAKO 13

На ден 24.09.2019 година, Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Orhan Murtezani, го посети Меѓународниот саем за железници TRAKO 13 кој се одржа во Гданск, Полска.

На саемот ги разгледа изложените патнички возови и елетрични локомотиви, ги посети штандовите на производителите на железнички возни средства и делови за истите и оствари деловни средби со дел нив,  меѓу кои со Selcuk Cebe, Директорот на турската компанија за производство на железнички системи, DURMAZLAR. Денес, оваа команија, основана далечната 1956 година, е една од водечките компании за железнички сиситеми која произведува железнички возни средства, возови со големи брзини, осветлувачки железнички системи, метро и др. под името DURAY.