+389(0)2/3164-255; +389(0)78/386-471 mztransportad@mztransportad.com.mk
  • Форум
  • Следење вагони
  • Регистрација
Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје
  • Почетна
  • Возен Ред
    • Поаѓање од Скопје
    • Пристигање во Скопје
  • Патнички сообраќај
    • Внатрешен Сообраќај
      • Прирачник за Патници
      • Цени по релации
      • Ценовник за наплата на штети
      • Превозни цени, додатоци и надоместоци
      • Додатоци за користење на вагон со легла (кушет)
    • Меѓународен Сообраќај
      • Комерцијална
      • Продажба на Билети
  • Товарен Превоз
    • Транспортни Услуги
    • Тарифи
    • Вагони
  • Влеча на Возови
    • Превозни и влечни капацитети
    • Капацитети за намирување
    • Ремонт и други услуги
  • Новости
  • Информации од јавен карактер
    • Акти, материјали и информации
    • Визија и Мисија
    • Менаџмент
    • Нашата Историја
    • Нашите Вработени
  • Контакт
    • Сите Железнички Станици
    • Менаџмент контакт
  • Home
  • /
  • Железници
  • /
  • Потпишан е Договор за набавка на 4 нови електрични локомотиви

Потпишан е Договор за набавка на 4 нови електрични локомотиви

јануари 18, 2017

На ден 10.01.2017 година во просториите на хотел Александар палас во 11:00 часот се потпиша договор за набавка на 4 Нови електрични локомотиви во рамките на Проектот за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт АД – Скопје во соработка со Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и ЕБОР (Европската Банка за Обнова и Развој).
На потпишувањето присуствуваа претставници на Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Македонски Железници Транспорт АД и CRRC Zhuzhou Electic Locomotive Co.,Ltd.
Инаку ова е втор договор што го реализираат Македонската влада и CRRC Zhuzhou Electic Locomotive Co.,Ltd, по оној за набавка на 6 нови патнички гарнитури. Инвестицијата која е вредна 8 милиони евра е финансирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а се реализира во рамките на Проектот за обнова и развој на возниот парк.
– Набавката на четири нови електрични локомотиви значи обнова на возниот парк по 40 години, задоволување на европските стандарди за безбедност, удобност и сигурност во железничкиот транспорт што би значело поголем број патници, поголема брзина, енергетска ефикасност и заштита на животната средина, истакна генералниот директор на Македонски железници Транспорт АД – Скопје Никола Костов по потпишување на Договорот.
Благодарност за соработката и довербата искажа и претседателот на CRRC Zhuzhou Electic Locomotive Co.,Ltd Џо Шин Ха кој истакна дека со реализација на постигнатите договори Македонија ќе добие сигурни производи со врвни перформанси и прекрасен изглед.
На потпишувањето на Договорот присуствуваа и државните секретари во министерствата за финансии и транспорт и врски, Игор Димитров и Божидар Петровски, како и конзулот на НР Кина во Македонија.

Share:
prev post next post

Побарувај

Последни новости

  • Информација за исклизнување на патничкиот воз

    јануари 9, 2023
  • Посебно чувство да запознаваш посебни луѓе

    ноември 1, 2022
  • Oнлајн средба со г. Кристијан Порт,

    ноември 1, 2022
  • Со договорот на двете земји, Република

    октомври 19, 2022

Kërko

Lajmet e fundit

  • Информација за исклизнување на патничкиот воз

    јануари 9, 2023
  • Посебно чувство да запознаваш посебни луѓе

    ноември 1, 2022
  • Oнлајн средба со г. Кристијан Порт,

    ноември 1, 2022
  • Со договорот на двете земји, Република

    октомври 19, 2022

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • За Нас
  • Правна Регулатива
  • Транспортни Услуги
  • Прирачник за Патници

ИНФО ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

  • Информации од јавен карактер
  • Правна Регулатива
  • Јавни Набавки
  • Пристап до информации од јавен карактер

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.
Translate »