+389(0)2/3164-255; +389(0)78/386-471 mztransportad@mztransportad.com.mk
  • Форум
  • Следење вагони
  • Регистрација
Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје
  • Почетна
  • Возен Ред
    • Поаѓање од Скопје
    • Пристигање во Скопје
  • Патнички сообраќај
    • Внатрешен Сообраќај
      • Прирачник за Патници
      • Цени по релации
      • Ценовник за наплата на штети
      • Превозни цени, додатоци и надоместоци
      • Додатоци за користење на вагон со легла (кушет)
    • Меѓународен Сообраќај
      • Комерцијална
      • Продажба на Билети
  • Товарен Превоз
    • Транспортни Услуги
    • Тарифи
    • Вагони
  • Влеча на Возови
    • Превозни и влечни капацитети
    • Капацитети за намирување
    • Ремонт и други услуги
  • Новости
  • Информации од јавен карактер
    • Акти, материјали и информации
    • Визија и Мисија
    • Менаџмент
    • Нашата Историја
    • Нашите Вработени
  • Контакт
    • Сите Железнички Станици
    • Менаџмент контакт
  • Home
  • /
  • Железници
  • /
  • Работна средба во Скопје на Генералните директори на TRAINOSE – Грчки Железници и МЖ Транспорт АД-Скопје со дел од нивните манаџерски тимови

Работна средба во Скопје на Генералните директори на TRAINOSE – Грчки Железници и МЖ Транспорт АД-Скопје со дел од нивните манаџерски тимови

јуни 17, 2019

На 30.05.2019 година во просториите на МЖ Транспорт АД-Скопје, Генералниот директор Shaban Zendeli оствари работна средба со Генералниот директор наTRAINOSE – Грчки Железници, Филипос Цалидес, на кој се сумираа резултатите од досегашната заемна соработка  во товарниот и патничкиот сообраќај и се дискутираше за насоките на работење кои треба да се преземат во иднина.  Покрај Генералните директори, од страна на TRAINOSE – Грчки Железници на состанокот присуствуваа: Василики Перистера, Директор на Товарен сообраќај; Алексиос Мавраганис, Раководител на Сектор за тарифи и Јоанис Аисопос, Раководител на Сектор за Инспекторат на Атина, а од страна на МЖ Транспорт, присуствуваа и Снежана Омеровиќ, Директор за маркетинг и продажба; Добре Силјаноски, Директор на товарен сообраќај; Саша Јовановски, Директор на патнички сообраќај и Петар Баталаков, Директор за влеча и одржување на возни средства.

Во однос на товарниот сообраќај се разговараше за понатамошниот развој на организацијата на товарниот сообраќај, како на конвенционалниот, така и контејнерскиот превоз, методите и мерките кои треба да се преземат со цел зголемување на обемот на транспортот, намалување на времето на превоз на стоки, како и усогласување на ценовната политика на двете компании, со цел да се привлечат поголем број клиенти.

Во однос на патничкиот сообраќај се разговараше за можност за воспоставување на нова линија на релацијата Скопје-Солун – Катерини-Лептокарија-Скотина-Платамона и Неи Пори, за што од двете страни постои верување дека оваа понуда на патниците ќе им биде примамлива и дека ќе има многу заинтересирани.

Како дел од оваа официјална работна средба беше и посетата на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, каде Генералните директори Shaban Zendeli и Филипос Цалидес,  беа пречекани од страна на Ариан Асланај, Директор на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза, кој лично им ја претстави постојаната поставката во музејот.

Share:
prev post next post

Побарувај

Последни новости

  • Thumb

    За прв пат во историјата на

    јуни 20, 2023
  • Për herë të parë në historinë

    јуни 20, 2023
  • Измена на Возен ред

    мај 5, 2023
  • KONKURS PUBLIK

    април 20, 2023

Kërko

Lajmet e fundit

  • Thumb

    За прв пат во историјата на

    јуни 20, 2023
  • Për herë të parë në historinë

    јуни 20, 2023
  • Измена на Возен ред

    мај 5, 2023
  • KONKURS PUBLIK

    април 20, 2023

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • За Нас
  • Правна Регулатива
  • Транспортни Услуги
  • Прирачник за Патници

ИНФО ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

  • Информации од јавен карактер
  • Правна Регулатива
  • Јавни Набавки
  • Пристап до информации од јавен карактер

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.
Translate »