Денес 17.09.2019, Orhan Murtezani, Генералниот директор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, заедно со членовите на менаџерскиот тим, остварија деловна средба со Afrim Gashi, Претседател на партијата АЛТЕРНАТИВА.
Претседателот на АЛТЕРНАТИВА упати искрени честитки до Orhan Murtezani по повод неговото стапување на функција Генерален директор и Претседател на Управен одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје и му посака успех во неговото понатамошно работење.
На средбата беа изложени предизвиците со кои во моментов се соочуваат ЖРСМ Транспорт АД-Скопје. Претседателот на АЛТЕРНАТИВА од негово име, како и од името на целата партија, понуди безрезервна подршка и помош во понатамошното работење и достигнување на деловните цели на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје.