Генералниот директор на МЖ Транспорт, Зули Демири оствари работна средба со Зоран Трифуновски новиот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје. На средбата двајцата директори говореа за предизвиците со кои се соочуваат Македонски Железници.
Генералниот директор на МЖ Транспорт, Зули Демири на состанокот потенцираше дека очекува интензивна соработка и дека врвен приоритет е да се обезбеди поквалитетен транспорт на луѓе и на материјални добра. Како еден од клучните предизвици кои треба да се надминат е подобрување на инфраструктурата на железничкиот сообраќај, за возовите да се движат побрзо и побезбедно, бидејќи постојат места на пругите каде возовите се движат со 20km/h.
Работни активности ќе започнат веднаш и тоа на на пругата на релација Скопје – Велес и Велес – Скопје.
На средбата Демири истакна дека МЖ има капацитет да покаже дека може да спроведува европски стартегии и дека постои волја МЖ да стане клучен коридор на европско ниво.