Железници

Претседателот на Европската Заедница за Железници (ЦЕР), Либор Лохман, на деловна посета во МЖ Транспорт АД-Скопје

Во рамките на редовните средби со раководствата на железничките компании кои се членки на Европската Заедница за Железници (ЦЕР), а чија членка е и

Специјални понуди „Дисконтни специјални цени за Ниш, Белград, Загреб, Љубљана, Будимпешта“

Понуда Србија/Македонија Специјал   Скопје-Белград Специјал во еден правец 13,80 ЕУР или 855,00 денари; Скопје-Белград-Скопје Специјал повратен билет 27,60 ЕУР или 1709,00 денари; Скопје-Ниш

Со воз до Солун

Врз основ на допис бр. 5406/17/Т9 од страна на TRAINOSE (Грчки железници), започнувајќи од 19.10.2017 година возот бр. 334 ќе сообраќа од почетната станица

Упатства од Влада на Република Македонија за начинот на постапување во изборниот процес

Владата на Република Македонија на седница одржана на ден 12.09.2017 година ги донесе следните: Упатство за начинот на постапување на Министерствата, другите органи на

Измени во возниот ред

Македонски железници Транспорт АД – Скопје водени од начелата за навремена информираност на патниците изготви пречистен возен ред кој можете да го превземете овде

Дисконтни специјални цени за Ниш, Белград, Загреб и Љубљана.

Со новиот возен ред од 11.12.2016 година МЖ Транспорт АД-Скопје воведува дисконтни специјални цени за следните релации: Понуда Србија/Македонија Специјал Скопје-Белград Специјал во еден

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.

Оптима Турс на деловна посета во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Денес, 20.08.2024 година, Г-ѓа Рената Шверко, сопственичка на железничката транспортна компанија Оптима Турс со седиште во Минхен, Германија, во Скопје оствари деловна средба со  г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Оптима турс е железничка транспортна команија и членка на ФТЕ и УИЦ, која успешно веќе 35 години функционира на пазарот за превоз на патници со воз низ делови од Европа и Балканот. Отаму, целта на овој деловен состанок беше актуализирање и повторно враќање во сообраќај на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун, но овој пат, како дел од железничката маршрута Будимпешта – Белград – Скопје – Солун – Атина.

Се разгледуваа сите можни аспекти за враќање на патниците во воз, како најбезбедно и најеколошко превозно средство, кој за разлика од авионскиот и автобускиот превоз, на патниците им нуди повеќе од класично патување. Се воспоставија каткорочни и долгорочни планови, како и статегија на делување и се дојде до една заедничка цел: превозот на патници на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун да биде веќе во функција за ЕКСПО 2027 година кој ќе се одржи во Белград, со што Белград ќе стане светски центар за иновации, култура и образование и ќе привлече бројни постетители од целиот свет, на кои, секако, од голема потреба ќе им биде и користењето на услугите на патничкиот железнички сообраќај.

Како што изјави г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: „Теоретски е визија, но практично е реален план. Ако имаш предлог за проект и ако не го визуализираш како тој проект ќе изгледа, ти нема да можеш да го оствариш. Кај нас, во Железници Транспорт, визуализацијата на овој проект е многу јасна.“

На деловната средба присуствуваа и Александар Шверко, Менаџер од Оптима Турс, Горанчо Јовановски, Директор на патнички сообраќај, Сарита Ридова, Директорка на подружница за патнички сообраќај и Димитар Стефанов, Директор на товарен сообраќај.


Translate »