Јавен оглас

Демир учествуваше на 102-то Генерално собрание на Mеѓународната железничка унија во Франција

Генералниот директор на ЖРСМ-Траснпорт, АД Скопје, Зулхи Демири, учествуваше на 102-то Генерално собрание на Mеѓународната железничка унија (UIC) кое се одржа во Париз, Франција.

Демири присуствуваше на настан по повод 60 – годишнината од скопскиот земјотрес

По повод одбележувањето на 60 – годишнината од земјотресот во Скопје, генералниот директор на ЖРСМ-Траснпорт, АД Скопје, Зули Демири, на покана на претседателот на

Генералниот директор на МЖ Транспорт Демири иницира враќање на меѓународниот железнички сообраќај за транспорт на патници

Генералниот директор на ЖРСМ Транспор-АД Скопје, Зули Демири оствари состанок со претставници на германската компанија „Оптима“, единствена за организирање на меѓународен сообраќај. Иницијативата на генералниот

Средба Демири-Трифуновски: Имаме капацитет и волја да обезбедиме квалитетен и безбеден железнички сообраќај

Генералниот директор на МЖ Транспорт, Зули Демири оствари работна средба со Зоран Трифуновски новиот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Демири учествуваше на Генералното Собрание на ЕУРОФИМА

Делегација на ЖРСМ Траспорт-АД Скопје, предводена од генералниот директор Зули Демири на покана на ЕУРОФИМА, учествуваше на Генералното Собрание во Цирих, Швајцарија🇨🇭. На Генералното

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.

Оптима Турс на деловна посета во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Денес, 20.08.2024 година, Г-ѓа Рената Шверко, сопственичка на железничката транспортна компанија Оптима Турс со седиште во Минхен, Германија, во Скопје оствари деловна средба со  г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Оптима турс е железничка транспортна команија и членка на ФТЕ и УИЦ, која успешно веќе 35 години функционира на пазарот за превоз на патници со воз низ делови од Европа и Балканот. Отаму, целта на овој деловен состанок беше актуализирање и повторно враќање во сообраќај на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун, но овој пат, како дел од железничката маршрута Будимпешта – Белград – Скопје – Солун – Атина.

Се разгледуваа сите можни аспекти за враќање на патниците во воз, како најбезбедно и најеколошко превозно средство, кој за разлика од авионскиот и автобускиот превоз, на патниците им нуди повеќе од класично патување. Се воспоставија каткорочни и долгорочни планови, како и статегија на делување и се дојде до една заедничка цел: превозот на патници на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун да биде веќе во функција за ЕКСПО 2027 година кој ќе се одржи во Белград, со што Белград ќе стане светски центар за иновации, култура и образование и ќе привлече бројни постетители од целиот свет, на кои, секако, од голема потреба ќе им биде и користењето на услугите на патничкиот железнички сообраќај.

Како што изјави г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: „Теоретски е визија, но практично е реален план. Ако имаш предлог за проект и ако не го визуализираш како тој проект ќе изгледа, ти нема да можеш да го оствариш. Кај нас, во Железници Транспорт, визуализацијата на овој проект е многу јасна.“

На деловната средба присуствуваа и Александар Шверко, Менаџер од Оптима Турс, Горанчо Јовановски, Директор на патнички сообраќај, Сарита Ридова, Директорка на подружница за патнички сообраќај и Димитар Стефанов, Директор на товарен сообраќај.


Translate »